сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 18 ново

Почина рокенрол легендата Чак Бери на 90 години

Еден од основачите на рокенрол музиката Чак Бери, почина на 90 години, соопшти полицијата во Мисури, САД. Музичарот бил најден без знаци на живот во неговиот дом во Сент Чарлс.

Тој директно влијаеше на музиката на „Битлс“, „Ролинг стоунс“ и „Бич бојс“ и беше еден од првите музичари примени во Рокенрол салата на славните. Во 1984 година доби Греми за животно дело.

Негови најпознати хитови се „Џони Би Гуд“, „Рокенрол музика“, „Назад во САД“, „Мемфис, Тенеси“ и „Мејбилин“.

Неговиот хит „Johnny B.Goode“ од 1958 година до денес остана еден од најпризнатите наслови на популарната музика и е одбран во песните кои во 1977 година се лансирани со вселенската сонда „Voyager“ како порака од Земјаните за можните вонземјани.

Роден е како Чарлс Едвард Андерсон Бери во 1926 година, а професионалната кариера ја започна на 26 години.

Лани, по 38 години го најави неговиот нов албум со едноставен наслов „Чак“, кој оваа година треба да се најде во продажба.

Top