среда, 26 април 2017 | Вести денес: 36 ново

Реклама со Џорџ Клуни направи вистинска револуција (Видео)

Норвешката “DNB Bankas” во 2013 година започна рекламна кампања со светската филмска ѕвезда Џорџ Клуни: “Некои луѓе се среќни во животот, за останатите паметно е да штедиме!”.

-За да започнете да штедите е исто како да започнете да вежбате – многу од нас се обидуваат да најдат добар изговор на самиот почеток. Ние веруваме дека со закрепнување на економијата, намалување на стапката на невработеност и реално зголемување на платите доаѓа вистинското време да се започне заштеда – и уште поважно, да се штеди на редовна основа” – изјави директорот на дирекцијата за продажба во “DNB Bankas”.

Во Норвешка телевизиската реклама со Џорџ Клуни набрзо стана YouTube-хит со 1 милион прегледи за само неколку недели. Денес, повеќе од 4,5 милиони ја имаат погледнато рекламата на YouTube. Во истата година кога е објавена рекламата депозитното портфолио на “DNB Bankas” пораснало за 14,3 проценти.

Top