сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 18 ново

Идентификуван напаѓачот на парискиот аеродром „Орли“ (Фото)

Истрагата за откривање на идентитетот на напаѓачот на аеродромот „Орли“ се одвива доста забрзано од страна на антитерористичкото обвинителство од Париз, но барем засега не постојат сериозни показатели дека станува збор за терористички напад.

Весникот „Паризиен“ напаѓачот го идентификува како Зијед Б.

– Неговиот идентитет е познат, тој им е познат на полицијата и на разузнувачките служби. Јавниот обвинител сега треба да утврди што се случи навистина, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру, кој не го откри името на напаѓачот.

Според медимуите, познато е дека тој имал 39 години и е од францско потекло. Напаѓачот и е познат на полицијата за криминални досиеа, за кои бил повеќе пати осудуван. Тајните служби се сомневаа и за негова радикализација за време на издржувањето на затворската казна, за што бил следен, но не се знае датумот кога прекинало следењето.

Таткото и братот на напаѓачот самите се пријавиле во полициската станица во Витри сут Сен, а во тек е претрес на нивниот дом.

Во осум часот и триесет минути изутринава, лицето се обиде да нападне воена патрола од операцијата Сантинел, со цел да и го одземе оружјето на една жена војник. Тој не успеа да го направи тоа и беше убиен.

Министерот Ле Ру потврди дека истото лице пред нападот на аеродромот „Орли“ пукало врз тројца полицајци кои го запреле за рутинска контрола во Стан, во северниот дел во Париз. Притоа повредил еден од полицајците и побегнал. Потоа истото лице нападнал возач на автомобил во Витри ле Франсоа, по што влегло во бар и им се заканувало на гостите.

Нападната припадничка на армијата, според полковникот Беноа Брулон се чувствува добро.

– Таа се чувствува добро. Реагираше, како и нејзините другари, со многу ладнокрвност, професионалност и одлучност. Обуката која ја имаа сите војници кои се ангажирани во операцијата Сантинел навистина вроди плод, рече полковникот Брулон.

Веднаш по нападот беа евакуирани двата терминала и над 3.000 патници, беше прекинат целиот сообраќај, а сите летови се пренасочени кон „Роаси“. Во аеродромските згради не е најден експлозив.

Западниот терминал на аеродромот „Орли“ попладнево повторно е отворен, додека „Орли Југ“, каде што се случи нападот, ќе остане затворен до утре.

Top