понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 40 ново

Главен фокус за ВМРО – ДПМНЕ и понатаму е економскиот раст и развој на државата и отварање на нови работни места

Благодарение на добрите економски политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, економијата и покрај наметната политичка криза од страна на Социјалдемократскиот сојуз бележи позитивни трендови, истакна на денешната прес-конференција Христијан Мицкоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Големиот број на реформи и проекти кои ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ во последните години.

За добрите економски политики пристигнуваат признанија и од други престижни странски институции како што се Европската Комисија, која што македонската економија ја оцени како стабилна, со прогнозиран раст на БДП од 3.2%.

Додека Светската Банка во извештајот на „Дуинг Бизнис“ како резултат на економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за 9 години забележа раст од 84 места и од некогашното 94-то место во време на Социјалдемократскиот сојуз денес Македонија е рангирана на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа.

Како резултат на успешни економски политики, во изминатите години невработеноста се намали од рекордни 38% од времето на Социјалдемократскиот сојуз на сегашните 23,1 процент, а во Македонија се отворија над 170 илјади нови работни места.

За ВМРО-ДПМНЕ главен фокус и понатаму останува економскиот раст и развој на државата и отварање на нови работни места.

Top