вторник, 25 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Голема акција на полицијата во Арачаиново: Приведениот фотографиран со Заев и Села

Голема полициска акција во која се приведувале дилери на дрога се одвивала вчера во скопското село Арачиново.

Неофицијално станува збор за акција која се спроведувала подолг период, а во текот на вчерашниот ден, специјалните полициски единици извршиле претреси на повеќе локации. Немаме детали за тоа што точно е запленето во полициската акција, а повторно неофицијално, станува збор за група на луѓе кои купувале дрога од Арачиново и потоа ја препродавале во други градови низ Македонија.

diler zaev sela

Press24  од свои извори во истрагата пренесува дека меѓу приведените е и едно лице кое важело за линк меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алијансата Зијадин Села. Во таа насока објави и фотографии на приведениот на кои се двајцата лидери фотографирани со него.

Од МВР се уште нема официјална потврда на овие информации

 

Top