вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 113 ново

„Можеби имаме нешто заедничко“ Трамп ја потсети Меркел за прислушувањето од Обама (видео)

На заедничката прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел, германски новинар го праша американскиот претседател Доналд Трамп дали дали зажалил за неговио пост на Твитер во врска со обвинувањата за прислушувањето од поранешната американска админстрација во Кулата Трамп.

-Што се однесува до прислушувањата, претпоставувам, од поранешната администрација, на крајот можеби имаме нешто заедничко- одговори Трамп, одговор кој ги насмеа присутните новинари и претставници на кабинетот.

Меркел само го погледна Трамп и со спуштен поглед кон подот ги собра белешките од говорот.

Всушност, забелешката на Трамп се однесуваше на извештаите дека Обама дозволил прислушување на телефонот на Меркел во 2010 година како дела од прислушувачката операција на НСА, агенцијата за национална безбедност.

Top