сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 18 ново

Утре традиционален марш на Матка

Во организација на Планинарскиот клуб Видици, а со поддршка на ГАРД – Граѓанска асоцијација за рекреативно движење, утре ќе се одржи традиционалниот 21. по ред Марш на Матка.

Колоната со учесници на првиот марш во третата деценија од постоењето стартува во 10:05 часот од ресторанот Манастирска пештера во Долна Матка, односно паркингот на манастирот Света Богородица.

Учесниците на маршот ќе имаат можност да уживаат во новиот амбиент на манастирскиот комплекс Свети Спас, почнувајќи од камбанаријата, кујната, трпезаријата.

Top