вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 134 ново

Париз: Напаѓачот на аеродромот „Орли“ бил познат радикален исламист

Убиениот напаѓач на аеродромот Орли бил познат на полицијата како радикален исламист, пренесуваат медиумите.

Според првичните информации од истрагата, убиениот напаѓач на парискиот аеродром „Орли“ успеал да му одземе на припадникот на воената патрола автоматска пушка од типот „Фамас“, но не ја употребил. Застреланото лице немало експлозив на телото и засега не е познат неговиот идентитет, пренесува МИА од Париз.

Засега полицијата воспоставува безбедносен појас околу и во аеродромот. Двата терминала и над 3.000 патници се евакуирани. На аеродромот „Орли“ во тек е операција на деминирање, односно проверка на аеродромската зграда од срана на специјалните полициски сили

Пристапот кон аеродромот е целосно блокиран. Ниту еден авион не полетува, ниту слетува на „Орли“, сите летови се пренасочени кон „Роаси“.

Овој напад француските медиуми го поврзуваат со друг инцидент врз припадници на полицијата, кога околу седум часот изутринава, тројца полицајци се обиделе да контролираат еден автомобил во Стан, во северниот дел на Париз.

Возачот прво ги извадил личните документи, а потоа и оружје, пред да пука кон полицајците, при што еден бил повреден. Неговиот автомобил е пронајден на аеродормот „Орли“.

Според полициски извор, двата напада извршени денеска се дело на еден ист човек, радикален муслиман, кој му е познат на француското разузнавање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top