вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 0 ново

„Трка за Даун“ во Градскиот парк

По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром – 21 март, денеска во Градскиот парк се организира трка „Run for Down “ од Мечувалечкиот клуб Ескрим.

Трката, која е трета по ред, е отворена за сите  хумани граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства.

Целта е да се поттикнат спортските клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром и да ги вклучат во спортот.

Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е „MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.

Организатор на одбележувањето на Светскиот ден на Дауновиот синдром во Македонија е Центарот за Даунов синдром, а ќе биде проследен и со повеќе активности во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top