понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

До каде е поделба на имотот на СФРЈ?

За поделбата на имотот на наследничките на поранешна СФРЈ се разговара со години, а наспкоро се очекува нов состанок, посветен на поделба на 51 имот вредни над 110 милиони долари. СФРЈ имаше 123 недвижнини низ светот како имот на ДКП, а до сега се поделени 72 објекти.

Поделбата е прецизирана во седум анекси: движен и недвижен имот, дипломатски и конзуларен имот, финансиските побарувања и долгови, архивот, пензиите, долговите и приватниот имот.

Во Анексот Б, што се однесува на дипломатски и конзуларен имот, најмногу е напредувано. од поделените објекти Србија има добиено 30, Хрватска 18, Словенија и БиХ по 10, а Македонија четири објекти. Комитетот работи на принцип на целосен консензус, додека сите присутни не го прифатат определениот договор, односно никој да биде повеќе или помалку задоволен.

bee7005a3d4686fc1ced3547150186e2_w770Меѓу преостанатите 51 објект и земјиште се и оние во Адис Абеба, Њу Делхи, Москва, места каде имотно- правните прашања не се решени со тамошните држави. Овие прашања не се лесни, особено што на пример, Белград инсистира на Москва и Њу Делхи да се третира како прашање на реципроцитет, бидејќи Србија отстапила определени објекти на двете држави, и инсистираат тоа да се земе предвид.

За пет имоти државите се согласни да се продадат, два во Њујорк и по еден во Германија, Јапонија и во Швајцарија, па наследниците договориле американски агент за недвижнини. Дел од познавачите на состојбите со поделбата на имотот оценуваат дека следува голем предизвик бидејќи имотите ги продаваат сите наследници.

Договорената вредност на имотите во Бон, Постојаната мисија при ОН во Њујорк, Токио и Берн, како и на станот во Њујорк, изнесува 42,7 милиони американски долари, но пазарната вредност е значително повисока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top