петок, 18 август 2017 | Вести денес: 3 ново

Трамп ја забрзува депортацијата, прераспределува судии за имиграција

Американското министерство за правда планира кадровски да ги засили судовите во 12 градови каде има голем број на нелегални имигранти, а се обвинети за криминал, за да ја забрза нивната депортација.

Според планот, судии за имиграции од целата државаод сегашните работни места би биле привремено распоредени во Њујорк, Лос Анџелес, Мајами, Њу Орлеанс, Сан Франциско, Феникс, Балтимор, Ел Пасо и Харлинген во Тексас, Империјал во Калифорнија, како и во Омаха во Небраска.

Колку судии ќе бидат прераспределени се уште не се знае, но веќе се бараат доброволци.

Планот за брза депортација на нелегалните имигранти кои се обвинети за криминал е дел од предизборните ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп. Но, медиумите пренесуваат дека прераспределбата на судиите би довела до застој на предметите во матичните судови.

Top