четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

Играорците со изведба на „Тешкото“ за поддршка за унитарна и заедничка Македонија (Видео)

Македонските играорци со изведба на нациналното оро „Тешкото“ дадоа поддршка за унитарна и заедничка Македонија.

– Ние фолклористите сме дојдени овде да дадеме поддршка „Зa заедничка Македонија“. Ние не сме дојдени да држиме говори на омраза, да поттикнуваме меѓуетнички тензии, ние сме дојдени како амбасадори на Македонија во однос на македонските ора, песни, традиција и култура, истакна Мартин Цветковски.


Велат дека тие знаат што значи да се настапи под името на Република Македонија.

– Ширум светот не препознаваат по овие наши обележја и ознаки- ако ги изгубиме, знамето, името, јазикот, тогаш се поставува прашањето: Кои сме ние? Ќе бидеме обезличени. Доволно не болеше што не нарекуваа ФИРОМ, па зарем повторно да го менуваме името? Зарем уште поголема треба да биде болката? Што ли ќе им одговориме на помладите генерации кога ќе не прашаат што правевте вие кога ни ја растураа државата? Зарем треба да им одговориме само седевме од страна и гледавме, додаде фолклористот Цветковски.

Top