вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 92 ново

Маленко е рекордер по број на разводи, Лила му дише во врат?

malenko

Рекордер по број на пропаднати бракови од македонските јавни личности е Александар Маленко кој има дури три зад себе и сега е оженет по четврти пат. Освен екс-пливачот, бракови зад себе имаат и актерите Весна Петрушевска-Бејби, Васил Зафирчев, Игор Џамбазов, кошаркарот Пеце Наумовски, политичарките Ермира Мехмети, Аделина Марку, водителките Маја Поцевска, Сузана Турунџиева, презентерката Татјана Стојановска која се разведе од фолк пејачот Благоја Груевски, Пере од “Нокаут”, Благица Павловска, пишува Вечер.

Александар Маленко

Експливачот Александар Маленко се има разведено дури три пати, а од сите бракови има и деца. Имено, прво стапи во брак со Сузана Турунџиева од која дури го зема и презимето и имаат ќерка Лора. Потоа се ожени со актерката Јелена Жугиќ со која, исто така, има дете, па со Русинката Татјана, која, исто така, му роди дете. Следуваше брак со охриѓанката Фани, која му роди уште две и со која се уште е заедно.

Лила Стојановска

Една од оние со повеќе од еден развод е и сексапилната водителка Лила Стојановска. Таа прави шеги на своја сметка кога е во прашање облекувањето венчаници. Од првиот брак го има синот Филип. Потоа следуваше бракот со Орце од “Арија” со кого се запознаа на снимањето од нејзините емисии каде Орце настапуваше заедно со неговиот бенд, но после неколку години брак ставија крај на љубовта, а причина наводно била љубомората од двете страни.

lila-

Калиопи

Калиопи има два развода зад себе. Прво се омажи со композиторот Ромео Грил со кого го има синот Пако. Долги години по разводот стапи во брак со актерот Зафирчев, но по неколку години заедништво решија да се разделат. Пејачката и со двајцата поранешни сопружници е во коректни и пријателски односи.

Top