недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 2 ново

Мандатите на градоначалниците и советниците до 15 мај 2017

Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС го поддржува доставеното мислење од Министерството за локална самоуправа за траење на мандатите на градоначалниците и советниците до 15 мај 2017 година.

Оваа одлука е донесена денеска, на 13. седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

ЗЕЛС упати апел за обезбедување услови за побрзо распишување на локалните избори бидејќи, како што се наведува во соопштението, во спротивно ќе настане состојба кога општините и институциите кои се под општинска надлежност: училишта, градинки, културни установи, јавни претпријатија, противопожарни единици не ќе можат да ги извршуваат своите надлежности.

Top