недела, 26 март 2017 | Вести денес: 0 ново

Утре без вода Усје, во недела Сопиште

Дел од корисниците од село Усје, општина Кисела Вода утре од 8.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „1“ бб до Пумпената станица Усје, во населбата Усје. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.

Во недела, пак, од 8 часот, без вода ќе останат дел од жителите од населбата Сопиште.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „27“ бр. 11 во Сопиште. Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Top