сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Бомба со 120 килограми експлозив пронајдена на железничка пруга во Турција

Турските безбедносни сили деактивираа експлозивна направа со 120 килограми амониум нитрат, која е пронајдена на железничка пруга во југозападниот турски округ Батман.

Се претпоставува дека рачно изработената бомба била поставена од борци на Курдската работничка партија (ПКК), а била деактивирана преку контролирана експлозија.

Локалните власти соопштија дека експлозивната направа била распределена во шест лимени кутии од по 20 килограми, поврзани со 55-метарски кабел. Жандармеријата добила сигнал за сомнителните предмети на железничката пруга и веднаш испратила деминери на местото на инцидентот.

Безбедносните сили започнале акција за пронаоѓање на терористите.

Top