недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 2 ново

Саемот за мебел почнува на 21 март

Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел – МЕБЕЛ 2017 кој годинава се одржува по 43. пат почнува на 21 и ќе трае до 26 март.

Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество ќе земат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи. Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и Словенија.

Веќе две години по ред изложбениот простор опфаќа 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории: производители и трговци. Стручната комисија е составена од претставници од Архитектонски факултет, Факултетот за дизајн и технологија на мебел, Асоцијација на архитекти, Кластерот на дрвна индустрија и од Министерство за економија на Македонија.

Саемот ќе биде отворен од 10,00 до 20,00 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и студенти 50 денари.

 

Top