вторник, 25 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Лукаку удри по „своите“: Евертон глуми дека е голем клуб

lukaku

Белгискиот напаѓач и член на екипата на Евертон, Ромелу Лукаку излезе со сурова изјава за својот клуб и ја наведе причината поради која сака да си замине од Ливерпул. 23-годишниот фудбалер е еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот и најави дека нема да остане на „Гудисон парк“ ова лето.

– Не сакам да бидам познат по постигнувањето на голови. Сакам да освојувам трофеи. Евертон е одличен клуб, но сите овде живеат во минатото. Мене тоа не ме интересира. Кој фудбалер планира Евертон да го донесе за да освои трофеј? Никој. Ние фудбалерите сакаме да победуваме и да освојуваме титули, а тоа тука нема да се случи во блиска иднина. Сигурен сум дека можам да бидам меѓу најдобрите во светот, но за тоа ми треба далеку подобра платформа, како Лигата на шампионите. Тоа во Евертон го немам – рече Лукаку.

Оваа сезона, Белгиецот запиша 18 гола и е на добар пат да ја престигне границата од 20 погодоци, нешто во што никогаш не успеал откако е дел од Премиер лигата.

Top