вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Унгарија до крајот на мај ќе ја постави втората ограда на границата со Србија

un

-Унгарија ќе го заврши поставувањето на втората ограда по границата со Србија до крајот на мај и така ќе може да одбие можен нов бран на емигранти што доаѓаат од Турција – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека Европската унија греши со тоа што се потпира единствено на Турција за запирање на миграцијата, а истовремено ја критикува.

-Дефинитивно не е паметна политиката што ја оставаме безбедноста во рацете на Турците, а истовремено не престануваме да ги критикуваме, да ги напаѓаме дека не постапуваат доволно демократски и со нив да создаваме нови конфликти – истакна Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top