сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 10 ново

Македонските ракометарки на контрола со Србија

makedonska zenska rakometna reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска (16.30 ч.) во салата во Автокоманда ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари со селекцијата на Србија. Вториот дуел со Србија е утре (12 ч.) во „Јане Сандански“. И двата натпревари се затворени за публика.

Овие контролни натпревари се во рамките на подготовките во неделата на ЕХФ, ќе бидат прв тест за избраничките на селекторот Симе Симовски пред јунскиот бараж за СП 2017 против Шведска (10-13 јуни).

За оваа фаза од подготовките селекторот Симовски на располагање ги има сите 22 повикани ракометарки, со исклучок на капитенот Елена Ѓоргиевска која дојде на собирот, но мора да паузира поради повреда на коленото.

– Натпреварите со Србија ќе ни бидат, добра, квалитетна контрола да видиме до каде сме, пред она што не очекува во јунскиот бараж против Шведска – истакна македонскиот селектор.

Репрезентацијата на Србија на контролниот двомеч со Македонија ќе настапи засилена со левиот бек, Сања Дамњановиќ. Ракометарката на Вардар, по двегодишна пауза одлучи повторно да се врати во националниот тим. Иако беше повикана на списокот за овој собир, настапот за српската репрезентцаија одново го откажа Андреа Лекиќ, а во составот ја нема ни новата вардарка, Драгана Цвијиќ.

Top