четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Реал Мадрид најде замена за Пепе

felipe monteiro 1

Искусниот централен дефанзивец на Реал Мадрид Пепе, по сите изгледи од следната сезона ќе се сели во Кина, што тоа значи дека мадриѓаните се во потрага по негов наследник. По сите изгледи, Реал негова замена најде токму во истиот клуб од каде што го купи Португалецот.

Фелипе Монтеиро е 27-годишен играч на Порто, кој оваа сезона потпиша со „змејовите“ од Коринтианс, а според медиумите од Шпанија, „кралевите“ веќе постигнале договор со дефанзивецот, останува клубовите да се договорат околу сумата. Иако клаузулата на Монтеиро е 50 милиони евра, според истите извори, Порто е задоволен и со 30 милиони евра.

Неговите перформанси му заработија повик за бразилската репрезентација за следните квалификации за Светското првенство.

Top