сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 17 ново

Добри вести од Дортмунд, Марио Геце повторно ќе може да игра фудбал

mario gece

Здравствената состојба на Марио Геце се подобрува по првичните третмани поради нарушувањата на метаболизмот на фудбалерот на Борусија Дортмунд. Иако постоеја стравувања дека 24-годишниот фудбалер би можел прерано да ја заврши својата кариера, последните информации говорат дека екс-репрезентативецот на Германија ќе биде подготвен за камбек за следната натпреварувачка сезона.

Стручниот штаб по консултациите со Геце и со медицинскиот тим донесе одлука екс-фудбалерот на Баерн да не биде во комбинација до крајот на сезонава, се со цел целосно да ги надмине сериозните здравствени проблеми и да биде максимално подготвен за новиот шампионат.

– Од името на сите во клубот и нашите десет милиони фанови му посакувам на Марио што поскоро да се врати на терените. Она што во моментов можам да го кажам е дека Геце одговара позитивно на првичните третмани, што дава оптимизам дека не само што пак ќе игра фудбал, туку и би можел да биде подготвен за стартот на новата сезона – изјави директорот на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.

Top