понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 57 ново

Во продажба се првите ГМО-банани – како да ги препознаете

Голем број од луѓето не обрнуваат внимание на налепниците што се на кората на овошјето, туку инстиктивно ги одлепуваат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што тие значат.

Но, тие таму не се без причина, објаснуваат експертите. Освен евентуално името на производителот на декларацијата треба да се најде и број кој открива важни податоци за начинот на кој е одгледано овошјето. Декларацијата првенствено се однесува на овошје што е увезено.

Налепница со 4 броеви

Ако овошјето има декларација со четири броеви и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно по земјоделски правила кои важат во последните 50-тина години. Лимонот, на пример, е означен со бројот 4033, додека бананите со бројот 4011.

Налепница со 5 броеви

Ако овошјето има пет броеви од кои првиот број е 9 тоа значи дека е органско. Таквата декларација е гаранција дека тоа овошјето е одгледано без пестициди и ѓубриво. На пример, органски одгледаните банани се со бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова можеби е најважната декларација бидејќи претставува овошје што е генетски модификувано, а се препознава на основа на пет броја, од кои првиот е секогаш 8. На пример, овие банани на себе го имаат бројот 84011.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top