понеделник, 24 април 2017 | Вести денес: 81 ново

Петмина повредени во девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа

soobrakajka

Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 15 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено на семафор, како и кај 11 возачи што го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и тројца пешаци, кои поминале надвор обележан пешачки премин, односно поминале на црвено на семафор. Затечени се и 43 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 51 возило. 

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Top