вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 70 ново

Ангеловски ги предложи Илиевски и Ганиу за свои помошници

milan ilievski

За дуелот со Лихтештајн во Вадуц на 24 март, стручниот штаб на македонската репрезентација ќе биде дополнет со уште две имиња, поранешниот репрезентативец Милан Илиевски и ексстратегот на Шкупи, Висар Ганиу.

Илиевски, кој во моментов е член на стручниот штаб на Работнички, доаѓа како прв асистент на Ангеловски, а Ганиу ќе го пополни местото на Арѓент Беќири, кој стартуваше тренерска кариера на Косово.

– Илиевски и Ганиу се мои предлози за пополнување на стручниот штаб – вели Ангеловски.

Пред да биде официјално нивното именување во стручниот штаб на А репрезентацијата, најпрво предлогот на Игор Ангеловски треба да биде прифатен на утрешниот состанок на Управниот одбор на ФФМ.

Top