понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 80 ново

Почина британскиот актер Џон Форџем откако паднал од кревет

Познатиот британски актер Џон Форџем почина на 75-годишна возраст по фаталниот пад и скршеницата на клучната коска, објавија во саботата медиумите.

Весникот Daily Mail пишува дека причина за смртта е внатрешно крварење предизвикано од скршената клучна коска. Форџем се повредил на 8-ми март, откако паднал од креветот во неговиот дом во Источен Сасекс. Актерот бил хоспитализиран поради внатрешното крварење, а два дена подоцна во петокот починал во болницата.

Форџем е роден во градот Кидерминстер, во грофовијата Вустершир. Од 1966 до 1972 година беше актер на славната трупа Кралска шекспирска компанија. Тој е познат по улогите во филмовите „Италијанска работа“(The Italian Job, 1969), „Побрз од ветрот“(King of the Wind, 1990), „Бакнежот на змејот“ (Kiss of the Dragon, 2001) и „Mean Machine“ од 2001 година и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top