петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Заев го смени името во Агим!

Из­во­ри на „Ми­нус ин­фо“ на еми­нент­ни­от из­вр­ту­вач и под­буц­ну­вач Зе­ро, пре­не­су­ва­ат де­ка во крај­на фа­за е ис­пол­ну­ва­ње­то на единс­тве­ни­от, нов ус­лов од ал­бан­ски­от пре­тсе­да­тел Бу­јар Ни­ша­ни, кој за да му да­де на За­ев ман­дат за фор­ми­ра­ње вла­да ме­сто Ива­нов, вмет­нал и анекс во ти­ран­ско­то пи­са­ние. Пор­ти­рот од „па­вел Ша­тев“ им со­оп­штил де­ка по пу­шта­ње­то на Ве­ру­шев­ски од при­твор и не­го­ва­та або­ли­ци­ја од Ка­ти­ца, во СДСМ ни­кој ве­ќе не ни по­мис­лу­вал да збо­ру­ва на мо­би­лен или фи­ксен, па та­ка Ни­ша­ни се чул со За­ев на спе­ци­јал­на­та вр­ска, обез­бе­де­на од ча­до­рот.

Бу­јар му пре­нел на Зо­ран де­ка, на за­ми­ну­ва­ње, за­ед­нич­ки­от при­ја­тел, екс­ди­ре­кто­рот на ЦИА и ко­а­втор на пла­тфор­ма­та Џон Бре­нан, му по­ра­чал де­ка до­кол­ку дој­де до ба­ра­ње изим од За­ев за ман­дат за фор­ми­ра­ње Вла­да во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко кра­ен чин за за­о­кру­жу­ва­ње на при­ка­ска­та, тој ќе мо­ра да го сме­ни име­то и да зе­ме ал­бан­ско. Тоа што ќе ре­чел Бре­нан би­ло све­то, па ма­кар за­ми­нат, За­ев мо­рал да го сто­ри тоа, му об­јас­нил Бу­јар.

Зо­ран раз­мис­лу­вал це­ли три се­кун­ди, но отка­ко сфа­тил де­ка прет­ход­но без проб­лем ја про­дал и сопс­тве­на­та на­ци­ја за власт, без проб­лем со сог­ла­сил на по­ба­ра­но­то. Ли­де­рот вед­наш сви­кал и прес-кон­фе­рен­ци­ја пред Вла­да, ка­де што ве­чер­та на 11 де­кем­ври прог­ла­си и по­бе­да, из­ла­жан од ча­до­рот за ре­зул­та­ти­те.
Нас­ме­ан до уши, вид­но рас­по­ло­жен и со рас­тре­пе­рен глас од воз­бу­да За­ев на им­про­ви­зи­ра­на­та го­вор­ни­ца на Бе­ни со тор­жес­твен тон со­оп­штил:

Гра­ѓа­ни мои, дој­де и ко­неч­на­та по­бе­да! Не­ка пук­не од му­ка Ива­нов, утре ќе го до­би­јам ман­да­тот од Ни­ша­ни! Ју­у­уу-ху­уу, бид­на на­ше­то, ја ос­тва­рив­ме цел­та! Од утре вла­де­е­ме­ее!

Од сто­ти­на­та ед­вај со­бра­ни со­ци­јал­де­мо­крат­ски гр­ла се за­чу­ло:

Зо­ки ман­да­тар, Зо­ки ман­да­тар, Зо­ки ман­да­тар, Зо­ки ман­да­тар! По што За­ев уште по­нас­ме­ан ги пре­ки­нал.

Не, не, ве мо­лам! Ве со­брав за да ви со­оп­штам и де­ка иа­ко власт до­бив­ме, про­ме­ни­те про­дол­жу­ва­ат! Од де­не­ска јас се ви­кам Агим! Тоа бе­ше и единс­тве­ни­от ус­лов од Ни­ша­ни, да го сме­нам име­то и да зе­мам ал­бан­ско. Вче­ра под­не­сов ба­ра­ње, де­не­ска ве­ќе, со мал­ку вр­ски де, во из­вод сум Агим За­ев! Се ре­шив за Агим, за­тоа што има исто зна­че­ње со мо­е­то по­ра­неш­но име Зо­ран и зна­чи зо­ра, ра­ѓа­ње на де­нот! Су­нет на „мо­ја ра­ка“ на­пра­вив уште во Берн!

Агим ман­да­то­ри, Агим ман­да­то­ри, Агим ман­да­то­ри, Агим ман­да­то­ри! – За­ви­ка­ле пре­среќ­ни и во сил­на ек­ста­за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, на кои ли­ги им по­тек­ле оти ве­ќе го по­чув­ству­ва­ле вку­сот на вла­ста, ама спа­си­те­лот по­втор­но ја пре­ки­нал ка­тар­за­та.

Мо­рам да ви приз­на­ам, не ми бе­ше лес­но! Раз­мис­лу­вав три се­кун­ди, ама ман­дат е ман­дат, не­мам јас комп­лекс од про­ме­ни, гра­ѓа­ни мои ша­ре­ни и на­па­те­ни од безв­ла­стие. Сфа­тив, де­ка за власт сум ро­ден и де­ка без проб­лем сум под­го­твен и ро­де­на­та мај­ка да ја про­да­дам, име­то на др­жа­ва­та, хим­на­та, зна­ме­то, гр­бот и па­ри­те да ги про­ме­нам, ја­зи­кот да го уни­штам, иден­ти­те­тот! Та­ка што, ова е нај­ма­ла жр­тва од ме­не, а не е ни жр­тва, ќеф ќе ми би­де Агим да би­дам! Сѐ за власт! Не­ма ком­про­мис за пра­ве­ње ком­про­ми­си, ова е на­ша­та но­ва и мал­ку па­ра­до­ксал­на де­ви­за, исто ка­ко нас!

По ова, Агим За­ев им мав­нал за поз­драв и со ова­ции на отво­ре­на сце­на за­ми­нал кон се­ди­ште­то, сил­но пре­гр­нат со Му­хи со ма­ли­от пе­нис, ко­му му ве­тил де­ка ќе му го „сре­ди“ комп­ле­ксот и ќе го пра­ти на опе­ра­ци­ја во Ленг­ли САД, во се­ди­ште­то на ЦИА. Го пла­ни­рал за кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел, кон­сен­зу­а­лен, се раз­би­ра. На Ши­ле­гов, пак, му ве­тил де­ка на вла­дин тро­шок ќе го пра­ти во „Бе­ти Форд“, Пав­ле на ша­ре­на це­ло­те­лес­на ја­ку­за-те­то­ва­жа во То­кио, а Ра­да на без­ли­мит­но па­за­ре­ње во Ду­баи, Па­риз, Лон­дон, Њу­јорк и во Мос­ква. Сам­ка ќе ги до­би­ел трет­ма­ни­те на Мајкл Џе­ксон, а бес­по­мош­ни би­ле са­мо со Ре­мен­ски. Пла­сти­ча­ри­те од Хо­ли­вуд са­мо ди­га­ле ра­ме­на и об­јас­ну­ва­ле де­ка се хи­рур­зи, но не и вол­шеб­ни­ци.

Ве­ста за Агим и за ман­да­тот пре­диз­ви­ка­ла разд­ви­же­ност во се­ди­ште­то, ка­де што чле­но­ви­те на СДСМ оде­ле на ба­јач­ки и пра­ве­ле сѐ са­мо за да го за­бо­ра­ват Ива­нов, од чиј­што лик на­ве­чер со­ну­ва­ле кош­ма­ри и се бу­де­ле об­ле­а­ни во сил­на пот. Пси­хи­ја­три­те уве­зе­ни од Ленг­ли, ка­ко дар на за­ми­ну­ва­ње, ве­ќе ра­бо­те­ле во три сме­ни со вр­ху­шка­та, стра­те­зи­те и со ју­риш­ни­ци­те. Пре­ку трет­ма­ни и пси­хо­а­на­ли­зи ја бри­ше­ле ме­мо­ри­ја­та од ми­на­ти­те 11 го­ди­ни, те­шки и те­гоб­ни, пол­ни со безв­ла­стие за нив. Из­во­ри од про­це­сот за Гла­ден од „24 па­ра­ве­сти“, пре­не­ле де­ка и по­крај нај­со­вре­ме­ни­те ме­то­ди, се­пак, за дел од вр­ху­шка­та и стра­те­зи­те на СДСМ не­ма­ло спас.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Top