сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 10 ново

Опасна болест која често има погрешна дијагноза: Доколку имате болки во зглобовите, побарајте помош

Поради различниот спектар на симптоми, оваа опасна болест може да биде погрешно дијагностицирана.

Ракот на коски е многу редок вид на рак, кој обично се развива во долгите коски на телото, коските на нозете и надлактите. Најчест симптом е упорната болка, која се влошува со текот на времето, како артритис, а станува полоша во текот на ноќта.

Затоа понекогаш оваа болест погрешно се дијагностицира како артритисот.

Други симптоми на ракот на коски се оток и црвенило на зглобовите, поради кои движењето е отежнато. Овие симптоми може погрешно да наведат дека се работи за гихт, незгодно воспалителение кое се создава кога во зглобовите се наталожуваат кристали на уринарна киселина.

Симптом на ракот на коските може да бидат и слабите коски, кои често пукаат. Тоа, пак, може погрешно да се протолкува како остеопороза.

Затоа, брзата реакција и рендгенот, може полесно да го откријат овој вид на рак, како и да ги зголемат шансите за успешно леување. Третманот е тежок и исцрпувачки за пациентот, а вклучува радио и хемотерапија, а во некои случаи и ампутација, доколку станува збор за изолиран карцином.

Top