среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Шест лица повредени во пет сообраќајки во Скопје

soobrakajka

Шест лица се повредени во пет од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две е причинета материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 13 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, пет возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле со неважечка сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 43 возила.

Во рамки на сообраќајно­воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе одржи едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Top