понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 79 ново

Ангеловски на 13 март ќе го соопшти списокот на репрезентативци за мечот со Лихтенштајн

Igor-Angelovski-sport153-1

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го крои списокот на патници кои ќе настапат на квалификацискиот меч против Лихтенштајн, а истиот ќе биде објавен за четири дена.

Ангеловски веќе испрати покани до Палермо за Несторовски и Трајковски, а во наредните неколку дена ќе се финализира списокот на останати фудбалери кои ќе треба да се јават на репрезентативни обврски и ќе се објави во целост. Списокот на патници за дуелот против Лихтенштајн ќе биде објавен официјално на 13 март.

Поради репрезентативните обврски, редовното коло од Првата фудбалска лига кое е закажано на 19 март ќе биде поместено за еден ден и сите натпревари ќе се играат в сабота. Македонија уште нема победа во квалификацискиот циклус за СП 2018, а зад нас се порази од Албанија, Израел, Италија и Шпанија. Мечот против Лихтенштајн се игра на 24 март.

Top