недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Швајцарија ќе го кандидира Сион за ЗОИ 2026

sion

Швајцарскиот олимписки комитет ја поддржа кандидатурата на градот Сион за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година. Претходно швајцарската јавност ги отфрли кандидатурите на Сент Мориц и на Давос, откако гласачите во кантонот Граубунден, кон кој припаѓаат овие два града, гласаа против кандидатурата.

Сион ги исполни сите барања за кандидатурата на третите ЗОИ на кои Швајцарија би била домаќин, по двете  во Сент Мориц во 1928 година и во 1948 година, соопштија од Швајцарскиот олимписки комитет.

Одлуката за кандидатурата официјално ќе биде ратификувана на 11 април во спортскиот парламент, кој го сочинуваат 86 швајцарски спортски сојузи и Швајцарскиот олимписки комитет.

Меѓународниот олимписки комитет, домаќинот на ЗОИ 2026 ќе го избере во 2019 година, а потенцијални кандидати покрај Сион уште се и Калгари, Сапоро и Инсбрук.

Зимските олимписки игри во 2018 година ќе се одржат во Пјонгчанг, а домаќин на ЗОИ 2022 е Пекинг.

Top