среда, 29 март 2017 | Вести денес: 144 ново

Зошто принцезите во цртаните на „Дизни“ секогаш носат сина облека?

Пепелашка, Аурора, Ариел, Тијана, Мерида, Јасмина и Елса, главните женски ликови во цртаните на „Дизни“ секогаш носат сини фустани. Мулан и Снежана имаат впечатливи сини елементи на нивните фустани, додека Бел и Ана имаат сини здолништа. Дури и ѓерданот на Покахонтас е син, а е фокусна точка на нејзиниот изглед.

Знаете ли зошто? Со облекување на женските протагонисти во сина боја, Дизни на мошне суптилен начин ги засилува нивните ликови давајќи им дополнителна важност. Во психологијата, за сината боја се смета дека одразува смиреност, интелигенција, сигурност, доверба и суптилен авторитет.

– Светлосината боја содржи доза на префинетост. Бел е единствената што носи сино во нејзиното село. На тој начин се издвојува од другите, но и истакнува од своето опкружување –открива Жаклин Дуран, костимографката што ги осмисли костимите на Ема Вотсон за филмската адаптација на анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“.

Според неа, сината облека има активна моќ, практична е и со неа може да прават многу нешта.

 

Top