недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Утре нова изведба на балетскиот спектакл „Клеопатра“

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ утре ќе има уште една изведба. Претставата има одличен прием кај нашата публика. За секоја закажана претстава билетите се продаваат однапред. За следната претстава за која публиката ќе може да си купи билети е закажана за четврток, 09.03.2017  и истите се пуштени во продажба.

За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф, Павол Јураш, Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција. Во главните улоги настапуваат првенците, Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили-Цезар и Бобан Ковачевски- Марко Антоние.

Ги известуваме нашите почитувачи деке за подостапност до нашите настани, Македонската опера и балет овозможи купување на билети во Југотон ГТЦ 1-ви спрат и во сите продавници на Нептун во цела Македонија, преку продажната мрежа на системот karti.com.mk

Top