сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Повредата на Несторовски не е сериозна, ќе настапи за Македонија на 24 март

nestorovski

Илија Несторовски, македонскиот напаѓач не е сериозно повреден и репрезентацијата ќе може да смета на него на квалификацискиот меч за СП 2018 против Лихтенштајн.

Голгетерот на Палермо доби незгоден удар на дуелот против Торино, по што ќе ја пропушти Рома, но како што стојат работите, ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за квалификацискиот меч за СП 2018 против Лихтенштајн кој се игра во мартовскиот термин. Селекторот веќе го повика Несторовски, а во „пакет“ со него од Сицилија доаѓа и брзоногото крило Александар Трајковски.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра на 24 март и истиот ќе биде прва шанса за победа на „црвено-жолтите“ во циклусот за СП 2018 каде имаме четири порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top