среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Додик до Могерини: РС да биде повидлива преку механизмот за координација

Претседателот на Република Српска и на партијата СНСД, Милорад Додик, по состанокот со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, синоќа во Сараево, изјави дека властите на РС се определени за европскиот пат на БиХ, но дека сакаат РС да биде повидлива на тој пат преку механизмот за координација.

-РС направи се во рамки на економската реформска агенда и единствена ги исполни условите од писмото за намери со ММФ, изјави Додик, пренесуваат „Независне новине“.

Додик вели дека проблемот лежи во тоа што во БиХ не профункционира механизмот за координација, а за тоа го обвини Советот на министри на БиХ, кој, како што кажа, воопшто не ги исполни своите обврски.

-Колку што разбрав, тоа е приоритетот што денеска го усогласивме, истакна тој.

Власта во РС го прифати моделот со механизмот за координација што е и усвоен, истакна Додик, но и предупреди дека ќе има „проблем доколку тој не профункционира“.

На состанокот со високата претставничка Могерини, првите луѓе на политичките партии во БиХ ја истакнаа определбата на земјата кон европските интеграции, наведуваа весникот „Независне новине“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top