сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 10 ново

Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)

Австрискиот скијач Марсел Хиршер испиша нова историска страница, триумфираше на велеслаломската трка во Крањска Гора и на тој начин го обезбеди големиот Кристален глобус во кариерата.

Шеста година по ред Хиршер е незапирлив во Светскиот куп, а до новата титула дојде на пет трки до крајот на сезоната.

Еден од најдобрите скијачи во историјата сега има вкупно 1.375 илјади бодови, а го следат Норвежаните Четил Јансруд и Хенрик Кристоферсен со 871 и 865.

Воедно Хиршер во генералниот пласман на СК го надмина Марко Џирардели од Луксембург кој во текот на кариерата пет пат беше најдобар.

28-годишниот Хиршер кој во петокот прослави роденден, во Крањска Гора дојде до петтата победа оваа сезона, а 44. во кариерата.

Австриецот забележа време од 2:24.31 мин. и имаше 46 стотинки предност во однос на Леиф Кристијан Хауген, додека трет беше Швеѓанецот Матс Олсон.

Благодарение на тој трумф, дојде и до малиот Кристален глобус во велеслаломот, четврти во кариерата.

Top