среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 61 ново

Веќе има насмевка на лицето на Торес, „Ел Нињо“ ја напушти болницата (видео)

fernando tores 1

По тешката повреда на главата во дуелот со Депортиво Ла Коруња, Фернандо Торес денес ги израдува своите фанови и фамилијата и ја напушти болницата со насмевка на своето лице.

По стравичниот пад, многумина очекуваа долго заздравување и тешки последици по напаѓачот на Атлетико Мадрид, но на голема среќа не е ништо страшно. Во придружба на повеќе медиуми, Торес денес ја напушти болницата и изјави дека се чувствува подобро.

Тој заработи потрес на мозокот, но ќе биде на располагање на Диего Симеоне веќе за неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top