недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ ги воодушеви битолчани (галерија) (видео)

Балетскиот спектакл Клеопатра гостуваше вчера во Битола, каде во преполната сала на Центарот за култура изведбата беше проследена од многубројни љуботели на балеткста уметност.

16938744_906418099461123_5188065884043820172_n

Со „Клеопатра“се одбележува јубилејот на примабалерината Александра Мијалкова.

– Чест ми е што мојата кариера ја крунисувам со оваа грандиозна личност, ликот на Клеопатра, последната кралица на Египет. Нејзината женственост и убавина беа предизвик за мене како уметник да ги изразам мојата индивидуалност, креативност и танчарски сензибилитет-истакна Мијалкова.

16939442_906417282794538_4778320457278267821_n

– Кореографот Василиј Медведев и порано работел со Александра, и веќе тогаш, за време на поставувањето на „Дамата со камелии“ ние мечтаевме да создадеме оригинален, нов балет – специјално за Александра, па во светот има многу примери кога балетот се создава заради една истакната танчерка. Ние имавме многу идеи и варијанти, но на крајот изборот падна на Клеопатра – наследничка на Александар Македонски, чија слава на убавината преживеала не со векови, туку со милениуми“, велат од МОБ.

16995990_906419916127608_3943285797893099615_n

Балетскиот спектакл е дело за кое познатиот композитор од Литванија Нериа Голдберг напишал прекрасна музика, а писателката од Турција Јана Темиз создала ново либрето. На сцената има околу 150 изведувачи, а изготвени се 400 оригинални костими. Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Марк Антони- Бобан Ковачевски, Октавија- Марија Кичевска Шокаровска, Змија- Мими Поп Алексoва Атанасовска, Октавијан- Киро Павлов, Аполодор-Дојчин Дочев (Бугарија).

17021557_906417212794545_8777148872470343082_n

17022080_906415592794707_8980125891912413061_n

17022363_906416679461265_4526022251005572632_n

17098595_906415072794759_19691201136588952_n

Top