вторник, 25 април 2017 | Вести денес: 0 ново

Шест села в понедленик без струја

В понеделник од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Пелагонија, Злетовска, Брсјачка буна и Нов живот во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 8.30 до 9 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Кондово, Кучково, Грачани и местото викано Веле Поле, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата Петар Поп Арсов, кај Католичката црква и од улицата Роза Луксембург.

Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Гумалево, Дејковец, Добрино, Тисовица и Градовци во општина Зелениково.

Прекините се поради закажани технички зафати во системот.

Top