понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 78 ново

Kлетников: Македонија е ставена на мртовечка постела, но ќе се крене како феникс

По последните политички случувања во Македонија и прифаќањето на Заев на албанската платформа составена во Тирана, огромен број од граѓаните го кренаа својот глас против овие идеи и веќе два дена се собираат пред Владата и Собранието, но и низ градовите ширум државата, за да го поддржат движењето „За заедничка Македонија“ и  да пратат порака за зачувување на унитарноста на земјата.

Екипата на „Република“ вчера беше меѓу граѓаните кои поладнето беа излезени да му дадат поддршка на протестот, а меѓу нив беше и поетот Ефтим Клетников кој порача дека Македонија и од оваа ситуација, посилна од било кога, ќе се крене како птицата феникс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top