сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 55 ново

Во 2017 година поголем број здравствени услуги и поголем буџет за Универзитетската клиника за детска хирургија

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2017 година  обезбеди вкупен буџет за Универзитетската клиника за детска хирургија од 133 милиони денари, што споредено со 2012 година, кога  буџетот на УК детска хирургија изнесуваше 65 милиони денари, значи  зголемување за повеќе од двапати.

Систематското и континуирано вложување во јавното здравство во Македонија, анализирано од апсект на ДСГ методологијата, резултира со зголемување на case mix индексот на сложеност на хируршки операции. Во 2016 година биле оперирани и хоспитализирани 1870 пациенти на УК за детска хирургија. Тежината и комплексноста на самите операции според case mix индексот изнесувала 2,67, што е два и пол пати повеќе отколку државниот просек на сложеност на хоспитални пациенти и претставува значително зголемување во споредба со 2012 година, кога case mix индексот изнесувал 1,65. Тоа значи дека тимовите на оваа клиника оперираат и изведуваат хируршки интервенции кои од година на година се посложени и покомплексни.

FZOM

Голем придонес за комплексноста на операциите и зголемувањето на буџетот на УК детска хирургија се должи на кардиохируршките операции на деца и трансплантации на бубрези на деца, кои тимот на лекари ги изведува изминативе неколку години. Имено, покрај кардиохирургијата, на Клиниката се изведуваат и трансплантации на бубрези на деца за кои Фондот одвои посебен условен буџет.

Кажано во бројки, во 2013 година биле извршени 30  кардиохируршки операции, во 2016 година – 52 операции, додека во 2017 година се планираат 60 кардиохируршки операции на деца. Треба да се напомене и дека најголем број од  овие кардиохируршки операции се  однесуваат  на новороденчиња.

Воведувањето на ваквиот вид  комплексни современи операции во Македонија, резултира со неколкукратен бенефит, не само за државните институции, туку и за здравството во целост.

Во 2017 година, Фондот за здравствено осигурување на Македонија со ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија утврди вкупен буџет во вкупен износ од 132,900 милиони денари. Условниот буџет е наменет за стимулирање на дефицитарни здравствени услуги, како и на нови здравствени услуги и нови современи методи на лекување.

Top