петок, 23 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Зошто се дебелеете?

Ако сакате да ја задржите линијата или да изгубите неколку килограми, задолжително треба да избегнувате некои штетни утрински навики и грешки кои го забавуваат метаболизмот, како на пример да не доручкувате. На метаболизмот влијаат повеќе фактори, а меѓу најзначајните се годините, тежината и генетиката. Се разбира, на некои од нив не може да се влијае, но други се поврзани со одлуките кои сами ги носиме, стилот на живот и утринските грешки кои ги дозволуваме, а тие можат значително да ви го успорат или забрзаат метаболизмот.
Ако сакате да ја намалите тежината, едноставно доручкувајте.

Најлошото нешто што можете да го направите е да го пропуштите појадокот. Ова ќе го успори метаболизмот, бидејќи кога сме гладни, мозокот испраќа сигнал на телото дека треба да „чува“ енергија, а со тоа и мастите, од кои сите сакаме да се ослободиме.

Појадувајте еден час по станување и имајте на ум дека кафе не се смета за појадок. Повеќе корисно за метаболизмот е да се испиете чаша чај и да конзумирате добро избалансирана храна богата со хранливи материи.

Добро би било да пиете повеќе вода, а чаша студена вода после појадок ќе му помогне на телото да „работи“ побрзо.

Со утринските вежби може да изгорат половина калории кои ќе ги прифатите во текот на денот. Утринското трчање е многу корисно од трчањето во остатокот на денот и ќе изгори многу поголем процент од мастите. Покрај тоа, ќе бидете свежи и функционални.

За да избегнете чувството на глад по здрав појадок, пред времето за ручек е добро да каснете круша или јаболко со цимет, чипс од јаболко, ореви или семки од тиква. А може да испиете само една чаша студена вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top