недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 54 ново

Предупредување: Никогаш не објавувајте фотографија од авионски билет на Фејсбук, еве зошто

Доколку патувате со авион ан некога егзотична дестинација и сакате да се пофалите со авионскиот билет, знајте дека веројатно сте во опасност.

Добро е познато правилото во врска со социјалните мрежи дека на профилите не треба да поставувате ваша адреса, пасош, како ниту чекирани авионски билети.

Причината за тоа се дводимензионални бар –кодови и QR кодовите кои на различни начини може да бидат злоупотребени.

Стив Ху направил еден чекор понатаму и реши да провери колку информации може да бидат собрани за личноста врз основа на деталите од авионски билети.

Еве што открил:

-Лични детали за патникот вклучувајќи име и презиме

-Каде се патува и во кое време

-Бројот на седиштето

-Детали за поранешни летови

-Дата на купување на картата

-Последни четири цифри од банковната картичка

Со оглед дека голем број луѓе сакаат да се фалат како патуваат со авион на далечна дестинација, дали тоа значи дека можат да објават барем дел од фотографијата на чекираниот билет?

Одговорот е – не, никако!.

Ху докажа дека врз основа на фотографија од социјалните мрежи на која еден од патниците го прекрил со прст дел од бар – кодот успеал да ги дознае сите детали за тој патник.

Top