вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 108 ново

Jа запозна во автобус и со неа остана 35 години: Ова е Емилија, сопругата на Бајага

Momcilo-Bajagic-Bajaga-620x350

Момчило Бајагиќ Бајага многу ретко сам се појавува во јавност, а пак тој да се забележи со неговата сопруга е вистинска реткост. Можеби тоа е една од причините зошто овој пар привлекол голема внимание на премиерата на филмот „Бисерот на Бојана“ која се одржала во Сава центарот.

zena-bajaga1

Момчило и Емилија се во брак од 1989 година, а пред тоа заедно живееле седум години. Наредната година по бракот го добиле синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анџела.

Она што е интересно за оваа двојка е што се запознале во автобус, факт што го има потврдено и Бајага.

– Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува. Јас малку се разочарав. Ми дојде чудно и се запрашав, кој не излегува во недела? Дури по неколку месеци почнавме заедно да излегуваме и да се забавуваме, открил Бајага во интервју за Новости.

bajaga zena 2

Тој исто така открил дека сите песни и ги посветил на неа, како и дека во бракот таа одлично ги поднели сите работи кои ги носи животот со јавна личност.

Top