понеделник, 20 февруари 2017 | Вести денес: 15 ново

Се најавува соработка: Бекер во стручниот штаб на Федерер?

Federer-main

Поранешниот тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, се почесто се споменува дека ќе биде дел од стручниот штаб на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

– Тренирањето доаѓа природно. Нормално дека сакам да продолжам да се занимавам со оваа работа, но да бидам вклучен и во коментирање на телевизија или нешто друго што е во врска со тенисот, изјави Бекер.

Борис во последните неколку дена даде неколку интервјуа во кои го спомена и Федерер, поради кои неколку специјализирани тениски портали постојано пишуваат за можната соработка меѓу двата великана. По разделбата до Српскиот тенисер, Бекер се врати во спортската телевизија “Евроспорт”, а воедно беше коментатор на овогодишниот грен слем Австралија опен, каде Швајцарецот славеше во финалето над Рафаел Надал и го освои 18. грен слем трофеј.

– Да освоиш 18 грен слем титули е огромен успех. Кој може да го направи тоа? Но, Федерер го направи тоа многу лесно, без премногу напори. Неговата елеганција и класа во остварувањето на ваков резултат е нешто што не може некој спортист да го направи во блиска иднина, изјави Бекер.

Германскиот стручњак наведе дека сега е само небото граница за успехот на Федерер.

– Пред неколку месеци се поставуваше прашањето кога Новак ќе успее да го стигне и помине Федерер по бројот на титули во најдобрите турнири, но сега прашањето се промени во “дали воопшто ќе дојде до тоа остварување”, додаде Германецот.

Роџер веќе со години соработува со Северин Лути, кој истовремено е и капитен на швајцарската Дејвис куп репрезентација, а од 2016 година во тимот е и Иван Љубичиќ.

Top