понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 1 ново

Утре е зимска задушница

Утре православните верници ја прославуваат зимската задушница ,која се паѓа секогаш во сабота ,една недела пред Прочка.

Овој ден во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, а во други Умрело дете за кора.Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења, побарало од мајка му да му меси баничка.

Мајка му, бидејќи немала брашно, постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи плачело и умрело. Во спомен на тој ден и детето, на овој ден се меси баничка, зелник или друга храна и се раздава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top