понеделник, 20 февруари 2017 | Вести денес: 6 ново

Цуцуловски: Ниедна НВО не отишла во „Бриони“ да се поклони пред сенките на овие двајца луѓе (ВИДЕО)

Цело време гракаат за опасноста од македонскиот национализам, а ниту еден од нив не проговорил за албанскиот национализам, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во синоќешното гостување во емисијата „Ѕид“ на телевизија Алфа, коментирајќи ги ставовите на опозицијата и опозициски интелектуалци за албанската платформа.

-На албанската платформа најголем дел од опозицијата и од едни да ги наречам самопрогласени интелектуалци немаше никаква реакција. Од друга страна, со најавата за можност, не е значи изготвена, туку можност да се изготви македонска национална платформа веднаш беше прогласена за национализам, иако и албанската платформа е исто така националистичка, таа не е граѓанска, туку таа им за цел да ги добрани интересите на Албанците во Република Македонија, што е во основа националистичка програма, вели Цуцуловски.

Универзитетскиот професор нагласува дека од друга страна, доколку такво нешто се спомне и, како што вели недај боже за некого се оствари и од македонска страна, веднаш тоа се прогласува не за национализам, туку за шовинизам, за шарлатанство, за неодговорност, за повикување на војна.

-Доаѓаме до една ситуација во која можни се некои национализми, но забранети се други национализми, односно сите национализми се еднакво опасни, но некои се поопасни од некои други национализми, и така еве ви го на дело Орвел, а не во книга: „Сите луѓе се еднакви, но некои се подеднакви од другите“. Сите национализми се опасни, но некои се поопасни од другите, тоа е во случајот македонскиот национализам, вели Цуцуловски.

Тој нагласува дека оваа група на интелектуиалци, кои тој ги нарекува папагал интелектуалци, само џавкаат и повторуваат.

-Цело време гракаат за опасноста од македонскиот национализам, а ниту еден од нив не проговорил за албанскиот национализам. Ниту еден од нив не отишол да ја посети онаа руина од граничниот комплекс на угостителски објект „Бриони“, каде што во воздух беа однесени телата на две човечки суштества, сеедно дали биле Македонци, Албанци итн. Ниедна НВО не отишла таму да се поклони пред сенките на тие луѓе. Јас не барам реваншизам, не барам ништо, но јас сакам почитување на жртвите. Две човечки суштества буквално беа однесени од терористи со динамит. И за тоа да се молчи, да не се оддаде почит на тие жртви кои случајно таму се нашле кои биле само случајно Македонци, вели Цуцуловски.

Top