сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Карпош Соколи се помачи, но стигна до полуфиналето на Купот на Македонија

Кошаркарите на Карпош Соколи очекувано се првите полуфиналисти во Купот на Македонија откако во првиот четвртфинален натпревар во Кавадарци славеа против Вардар со 92-84 (30-13,23-24,20-22,19-25).

„Вардарци“ се покажаа максимално цврст противник за „соколите“ до финишот одржувајќи ја неизвесноста во мечот кој беше одлучен по одличната прва четвртина на Карпош која ја доби со 17 поени разлика (30-13).

Во продолжението од мечот „црвено-црните“ воспоставија рамнотежа, па против варирачкиот состав на терен на противникот, постојано намалувајќи ја разликата. На една минута и 40 секунди пред крајот Вардар стигна и насам пет поени негатива (83-78). Но, веднаш во следниот напад Лабовиќ погоди три поени за 86-78, по што веќе дефинитивно се навести победникот. Во последните 60 секунди „вардарци“ стигнаа до конечни 92-84.

Најефикасен во победничкиот состав беше Трајковски со 20 поени, дополнети со пет скока и шест асистенции, додека Соколов заврши со 18 поени. Кендрик имаше 12 поени, 6 асистенции и четири скока.

Кај Вардар, Лефковски беше одличен со 22 поени и три скока, Адедеџи заврши со 17 поени и десет асистенции, додека Калов постигна 17 поени.

Top