понеделник, 29 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Цуцуловски: СДСМ недемократски крие од граѓаните што ѝ понудилa на ДУИ

cuculovski za alfa

Одлуката на лидерот на СДСМ Зоран Заев сам да решава што ќе и понуди на ДУИ за коалицирање во новата влада и на тој начин да се пазари со националните интереси во четири очи, наидува на се поголема осуда и критики од се повеќе интелектуалци.

Професорот во пензија и филозоф, Љубомир Цуцуловски во емисијата Ѕид на телевизија Алфа смета дека е недозволиво политичар да носи одлуки во име на граѓаните за вака важни прашања без притоа елементарно да ги информира за содржината.

  • Ние не знаеме воопшто што е испорачано за да можеме содржински да разговараме. Ние разговараме формално, што е пак добро бидејќи многумина сметаат, и јас се приклучувам кон тоа мислење, демократијата е во формата. Ако формата и процедурата не се задржат, тогаш немате демократија. Во овој случај, е напуштено елементарното нешто – да се информираат граѓаните, или барем членството за тоа што СДСМ нуди на ДУИ. Значи не се почитува елементарното право на информираност за вакви витални прашања па макар биле и одбивање на барањата кои произлегуваат од платформата на албанските партии, вели професор Цуцуловски во емисијата Ѕид.

Цуцуловски е шокиран од односот на СДСМ кон граѓаните затоа што како што вели партијата ги заборава граѓаните, и води тајни разговори со други политички партии.

  • Ме шокираше во една морална смисла, па ако сакате и во една интелектуална смисла беше изјавата на СДСМ преку нивниот портпарол Петре Шилегов кој рече дека доставиле на ДУИ многу добар предлог. Зошто бев шокиран од таа изјава? Партиите не постојат за едни на други да даваат предлози. Тие се тука да им даваат предлози на граѓаните. Па да речат ние предлагаме во наредната година, во Македонија да се направи тоа и тоа, да се прекине со тоа и тоа, а не партиите едни со други да си даваат предлози. Се забораваат граѓаните без разлика на нивната етничка припадност. Значи не велат ние на граѓаните им предлагаме преку ДУИ, туку ние на ДУИ му даваме многу добар предлог. Абре луѓе, јас сум гласал за вас, мене да ми понудите добар предлог, а не обратно, вели Цуцуловски.

Професорот смета дека понудата на Заев до ДУИ е само уште еден преседан со кој се кршат уставот и законите. Според него, со системско кршење на законите Македонија се претвора во преседан држава.

  • Ова што беше испорачано, сеедно што беше испорачано, нека биде крајна негација на она што е содржано во платформата на албанските партии е надвор од уставот бидејќи не знам по кој пат се повторувам, тоа е неуставно. Уставот не предвидува втора можност за мандат. Според тоа, ова е надвор од уставот и законите. На тој начин уште еднаш се прави преседан да се крши уставот и законите. Ако тоа систематски се случува тој преседан добиваме преседан држава. И Македонија се повеќе и повеќе станува преседан држава, вели професорот Цуцуловски.

 

Top