сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 69 ново

Ибрахимовиќ повторно во свој стил: Јас сум како Индијана Џонс (видео)

Manchester United v AS Saint-Etienne - UEFA Europa League Round of 32: First Leg

Погодоците отсекогаш биле одлика за неверојатниот голгетер Златан Ибрахимовиќ, а дека феноменалниот шведски напаѓач и натаму игра во врвна форма и на 35 години најдобри ни отсликуваат бројките кои се поврзани за него.

Популарниот Ибра вчера го постигна првиот хет-трик како член на Манчестер Јунајтед, и практично сам го победи Сент Етјен во првиот 16-финален дуел во Лигата Европа кој го имаа овие два тима. Со новите три погодоци, Златан стигна до бројката од 23 погодоци како играч на Јунајтед, а добрите бројки како да го инспирираа да даде уште една интересна и комична изјава правејќи споредба за тоа што го прави на теренот.

– Каде и да отидев во кариерата, секогаш победував и освојував титули. Јас сум како Индијана Џонс – во свој стил порачал Ибра по мечот, предупредувајќи дека Јунајтед не треба да се опушта по триумфот од 3-0.

– Навистина е убаво чувството кога ќе се постигне хет-трик за Јунајтед. Најважно беше тоа што осигуравме добар резултат за реваншот, но ништо не е завршено. Секогаш постигнував голови со Сент Етјен, така беше и овојпат, а се надевам дека ќе биде така и на реваншот – додал Ибрахимовиќ.

Top